Миуча Прада ја смени улогата од претседател во извршен директор на Прада

17 февруари 2014

Креативниот директор на модниот гигант Прада, се повлече од својата позиција како претседател на етикетата и стана извршен директор на брендот, во согласност со правилата кои ги диктира берзата во Хонг Конг. Во извршувањето на работната обврска како извршен директор ќе и помага и нејзиниот сопруг Патрицио Бертели, а нејзиното претседателско место му го доделија на Карло Маци.

 

 

„Станува збор за чисто формална одлука со цел коректно да се одговори на правилата кои ги диктира Хонг Конг берзата. Промената воопшто нема да го промени процесот на работа, ниту пак да го загрози бизнисот и постоењето на оваа модна куќа“, пренесува Ројтерс.

 

 

Во официјалното соопштение објавено од страна на компанијата се вели дека: „г-ѓа Прада, ќе се фокусира на координирање на бизнис обврските и понатамошниот развој на компанијата, преку креативниот дизајн, комуникациските активности и новите проекти.“

Минатата недела, компанијата објави девет проценти пораст на приходите во текот на претходните 12 месеци.

 

 

Прада брендот, во својот наједноставен облик беше основана од страна на дедото на Миуча, Марио Прада во 1913 година. Миуча ги зеде уздите во свои раце како предводничка на компанијата во 1978 година, заедно со нејзиниот сопруг Бертели и од мала работилница за кожна галантерија создаде светски познато модно име.

Објавено:
17 февруари 2014
Категорија: 
Актуел