Младата албанска дизајнерка Ненси Дојака е добитничка на LVMH наградата - еве и зошто

9 септември 2021

LVMH наградата е веројатно една од оние што младите дизајнери најмногу ја посакуваат. Финалето на ова осмо издание заврши завчера, а се одржа во музејот на „Фондацијата Луј Витон“ во Париз.

Стручното жири создадено од мошне звучни имиња во светот на модата - Вирџил Абло, Џонатан Андерсон, Марија Грација Кјури, Марк Џејкобс, Ким Џонес и Стела Макартни, како и дел од челните луѓе на Луј Витон, групацијата LVMH и „Диор“, одлучи дека најдобрата од речиси 2.000 млади дизајнери кои се пријавија на конкурсот е албанската дизајнерка Ненси Дојака.

Ненси Дојака

Таа добива 300 илјади евра и година дена менторство во LVMH групацијата.

Зошто токму на оваа 27-годишна дизајнерка ѝ успеа да биде најдобра?

Образованието го стекнува на престижниот „Сент Мартин“ во Лондон каде сега живее и работи. Има свој бренд, а нејзините креации се сексапилни и како вели самата, прилагодливи за сечие тело бидејќи користи транспарентни материјали со стратешки испланирани „сечени„ делови. Комбинација на облека и долна облека, сепак се мошне популарни и пред оваа награда, а допрва треба да дојде нејзиниот подем во индустријата.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nensi Dojaka (@nensidojaka)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nensi Dojaka (@nensidojaka)

Во контекст на популарноста оди и тоа што меѓу нејзините клинети биле ѕвезди како Емили Ратајковски, Каја Гербер, Бела Хадид, а креациите ги продава преку познати онлајн продавници за мултибрендови.

Една од нејзините креации, мал црн фустан, оваа година од Lyst беше впишана како една од најпопуларните креации, заедно со некои од брендови со традиција како што е „Прада“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nensi Dojaka (@nensidojaka)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nensi Dojaka (@nensidojaka)

Ненси веќе четири години учествува и на Модната недела во Лондон, но и покрај овие нејзини одлични активности и котирање, сепак не се доволни за да биде сосема профитабилна. 

Во време на ваква светска криза, која ги погоди и најпознтите и најразвиените брендови, наградата од 300 илјади евра ќе ѝ биде и тоа како добредојдена за градење и ширење на брендот, секако ако паметно ги искористи.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nensi Dojaka (@nensidojaka)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nensi Dojaka (@nensidojaka)

За потсетување, и Жакемус е еден од дизајнерите со LMMH  награда, кој успеа да го лансира својот бренд меѓу ѕвездите и денес е еден од најпопуларните посебно меѓу помладата генерација - и не само тоа - тој е еден од оние што ги диктираат трендовите.

Досегашниот успех и овој нов на Дојака фрлаат сосема ново светло врз нејзиниот лик и дело и ќе биде навистина интересно да се види дали ќе го постигне успехот на својот колега.

 

Објавено:
9 септември 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
258 пати