Младите од Црвен крст порачаа хуманост преку забава

21 февруари 2015

Вчеравечер во скопскиот клуб-ресторан „Чикаго“, младите од  Црвен крст организираа забава на која уште еднаш ги промовираа хуманите вредности на својата организација.

Овој пат, настанот беше организиран со цел да се соберат средства што ќе бидат донирани на социјално загрозено семејство од околината на Скопје.

Во рамките на музичката програма, имавме можност да уживаме во изведбите во живо на талентираните средношколци кои истовремено се и членови на Црвен крст.

„Премногу сум задоволна што вечерва успеавме да се собереме во волку голем број и уште еднаш да покажеме дека хуманоста е основна човечка вредност која ни ветува подобра иднина. Ова е само дел од секојдневните активности на младите од Црвен крст кои пред се имаат за цел да ја зачуват човечноста кај луѓето и да поттикнат секогаш да си помагаме меѓусебно“, изјави Андреа Накова една од организаторките на настанот.

 

 

Објавено:
21 февруари 2015
Категорија: 
Актуел