Моцарт е попопуларен од Бијонсе

15 декември 2016

...Барем кога е продажбата во прашање. Според магазинот „Билборд“, компилацијата со музиката на Моцарт „Mozart 225: The New Complete Edition“ е најпродавана од сите други изведувачи, со 1.25 милиони продадени ЦД-а и тоа за само пет недели.

Ова музичко пакување е издадено на 28-ми октомври, што се совпаѓа со 225-тата годишнина од смртта на музичкиот гениј.

-Прекрасно е да се види ваква реакција на овој музички сет. Моцарт има бесмртни мелодии, како што имаат и „Битлси“ или „Аба“, што се дел од нашите животи, а оваа едиција излезе како совршен начин да се одбележи 225-тата годишнина – вели Пол Муслеј од „Универзал Мјузик Груп“.

Иако не е најпродавана, според „Гугл“ кој ги објави најпребаруваните личности и поими за 2016, Бијонсе е најпребаруваната пејачка.

Зад неа на листата се Селин Дион, Кеша, Келани, „Колдплеј“. Меѓу најпребаруваните се и Принц, Дејвид Боуви, Мухамед Али, личностите со кои се збогувавме оваа 2016 година.

Кога се другите категории во прашање, годинава на изминување на глобално ниво луѓето најмногу пребарувале за „Покемон Гоу“, потоа за iPhone 7, Доналд Трамп, Принц, Пауербол, Дејвид Боуви, Олимписките игри...

Најпребарувана личност е секако Доналд Трамп, а веднаш зад него и Хилари Клинтон. Меѓу актерите, најчесто е пребарувано името на Бренд Пит, додека кај актерките тоа е новата девојка на принцот Хари, Меган Маркл.

Објавено:
15 декември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
196 пати