Мода и политика - Кристофер Кејн e против независност на Шкoтска

8 август 2014

Кристофер Кејн се придружи на голем број ѕвезди во кампањата по повод референдумот за независност на Шкотска, кој ќе се одржи на 18-ти септември оваа година. Шкотскиот дизајнер кој веќе години наназад живее во Лондон, изјавил дека сака Шкотска да остане во рамките на Велика Британија.

Покрај Кејн на гласањето против независноста на Шкотска се повикани Мик Џегер, Хелена Бонхам Картер, Том Делеј, Дејвид Валијамс и Трејси Емин, а отвореното писмо го потпишаа голем број добитници на Нобелова награда и златни олимписки медали. Според истражувањето на јавното мислење во април оваа година, поголемиот број Шкоти се против одвојувањето на Шкотска од  Велика Британија.

Објавено:
8 август 2014
Категорија: 
Актуел