Моделите на Росица Мршиќ достапни и во САД

17 април 2015

Rosica1

Nineteenth Amendment, онлајн платформа за нови и независни модни дизајнери, денес објави дека последната колекција на македонската модна дизајнерка, Росица Мршиќ е достапна на нивната платформа за продажба. Платформата Nineteenth Amendment ќе биде задолжена за пласман и производство на претпоследната колекција на Росица во САД.

Дизајнерката во изјавата дадена за онлајн платформата го изрази своето задоволство од новата бизнис-можност:

-Среќна сум што добив можност да  ја пласирам оваа колекција преку Nineteenth Amendment. Како независен моден дизајнер, голем е предизвикот да се допре до поширока маса на клиенти на глобално ниво. Nineteenth Amendment е продажен партнер и платформа за производство која ми дозволува да продавам директно до крајните клиенти, врши проммоција на мојата работа и воедно обезбедува беспрекорен квалитет на самото производство. Оваа компанија ми понуди начин како да го таргетирам пазарот во САД со минимален ризик – вели Мршиќ.

Објавено:
17 април 2015
Категорија: 
Актуел