Models 1 го прогласи победникот од изборот за "plus size" модел

2 јули 2014

models1-01

Models 1 беше во потрага по „plus size“ модел на возраст од 17 до 28 години, а изборот се сведуваше на фотографии од кандидатките на Инстаграм со хаштаг #MakeMeACurveModel.  Лорен беше една од илјадниците девојки кои зема учество  во овој натпревар,  кој ги поттикна крупните девојки да се промовираат славејќи ги своите облини.

Идејата на модната агенција е со ваков чекор да се урнат стереотипите во модната индустрија со истакнување на фактот дека социјалните медиуми може да извршат големо влијание поради големиот аудиториум кој ги прати. Наградата за победничката е договор со Models 1, учество во кампањата на Асос за линија за крупни жени и ваучер од 500 долари кој може да го потроши за ексклузивни парчиња од онлајн продавницата.

models1-02

Во интервју за британскиот Вог, Лорен изјавила – „Сеуште сум во шок и не ми се верува дека победив. Фотографијата ја испратив на последниот ден од натпреварот и воопшто не се надевав на победа. Горда сум што ќе можам да ги претставувам сите оние plus – size девојки и жени ширум светот. Растењето со вишок килограми беше вистински проблем бидејќи модните брендови немаа толку широки гледишта како што е тоа случај денес“, завршува убавата девојка.

Објавено:
2 јули 2014
Категорија: 
Актуел