Моден двобој за насловната на Garage: Кара VS Карли

13 февруари 2014

Кара Делевињ и Карли Клос се двете супермоделки кои ќе се најдат на насловната страна на пролетно-летното, шесто издание по ред на култниот урбан магазин Garage.

Џорџија Меј Џегер, Рози Хантингтон, Лија Кебеде и Марија Нери, се останатите ѕвезди кои учествуваат во проектот на Шарлот Стокдејл, модниот уредник на новиот Garage, а кои ги фотографираше легендарниот Ник Најт. Интересен е податокот што во рамките на овој проект, фотографиите се искористени како основа за изработка на тетоважи чии сопственици се фанови на магазинот кои доброволно се пријавиле, а кои ги изработуваат шест професионални тату-мајстори од повеќе земји.

Кара Делевињ Кара Делевињ

Карли Клос Карли Клос

 

Објавено:
13 февруари 2014
Категорија: 
Актуел