Моден тропски рај од новата рекламна кампања на Дискверд

3 февруари 2014

Манекените Лума Гроче и Марлон Тешеира се главните „островјани“ од навидум дивата и егзотична џунгла од новата летна рекламна кампања на дуото Дискверт, за пролет-лето машката и женска колекција за 2014 година.

 

Главни фотографи од сетот се Мерт Алас и Маркус Пигот, кои  инспирација за сценографијата ја земаат од последните ревии од машката и женска колекција, кои  беа претставени на модната недела во Милано.

Освен белата боја, дизајнерите Дин и Ден за претстојното лето алудираат и на впечатливи бои како и принт, во делови од кампањата  прикажани  преку религиозна церемонија на двата модели, што во студиото од Лос Анџелес ги доловија дивите џунгли на Амазон.

Објавено:
3 февруари 2014
Категорија: 
Актуел