Моден викенд Скопје од 21 до 25 октомври во Музеј на Македонија

23 септември 2015

Од 21 – ви до 25 – ти октомври во Музејот на Македонија во Старата чаршија, ќе се одржи 12 – тото издание на Моден Викенд Скопје. 

Модното случување за сезоната есен/зима 2015/2016 година, ќе биде во духот на традицијата и модата како портрет на времето. 

„Оваа есен, нашата безвременска традиција ќе ја однесеме на рандеву со нескротливата модна приказна. Ќе ги собереме на дружба различните епохи и спомени, убавините низ годините со оние кои не очекуваат. Моден викенд Скопје оди во нова , безвременска приказна“, велат од организацијата. 

Годинава, македонската блогерка Јована Зука го потпишува концепт - дизајнот за визуелниот имиџ. 

„Низ современо толкување на традиционалните македонски шари и орнаменти, дизајн решението ја симболизира идејата дека стоејќи зад нашата традиција, го прошируваме и зацврстуваме културното богатство за генерациите кои доаѓаат“. 

Во рамките на Моден викенд Скопје , ќе се одржат ревии, изложби, модни перфоманси и забави на неколку локации во градот.

Објавено:
23 септември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
537 пати