Модната куќа eNVy room, зад која стојат дизајнерите Никица Иванчевиќ и Вјеко Франетовиќ, ја претстави кампањата за колекцијата пролет/лето 2016 која кон крајот на минатата година беше прикажана на Fashion.hr.

„Кампањата ја претставува колекцијата која најдобро ја опишува синтагмата Dark Romance. Покрај црната боја што дава доза на мистичност, духот на 70 – тите е нешто што исто така многу се забележува во оваа колекција која е исклучително сензуална и провокативна, но истовремено и многу нежна“, велат дизајнерите.

Колекцијата изобилува со парчиња кои се одраз на елеганција и стил, а посебен „зачин“ на истата ѝ дадоа токму деталите – елегантните широки ракави, тантелата во црни нијанси, сребрените светки, мноштвото транспарентни материјали извезени со цветови, женствени јаки во комбинација со панделки, но и фантастични модни додатоци како чанти надополнети со ланчиња кои служат елегантната торбичка да ја претворат во ранец.

За заштитно лице на кампањата, eNVy room овој пат ја одбра манекенката Антонија Топиќ која многумина ја нарекуваат хрватската Џулија Робертс.

Објавено:
6 мај 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
134 пати