Модна работилница „Гласот на модата“ на Паратисима

20 мај 2015

Второто издание на интернационалниот саем за уметност Паратисима во Скопје,  ќе се оддржи од 12-ти до 14-ти јуни во Младинскиот културен центар. Во рамките на ова издание ќе бидат организирани различни работилници, а ќе се промовираат и голем број уметници со свои авторски дела.

Во агендата на настанот е предвидена и специјализирана модна работилница насловена  „Гласот на модата“.

За сите кои се големи љубители на модата и блогирањето, но и за оние, кои никогаш порано не помислиле да се занимаваат со оваа дејност, ова е одлична прилика за подлабоко запознавање со светот на модното блогирање, но и еден многу важен дел од модата, односно моќта на пораката која таа ја перенесува.

Работилницата нуди стекнување на нови модни искуства преточени во дискусии, нови познанства и, секако, практична работа т.е. креирање на модни постови и блогови кои понатаму ќе бидат објавени и на официјалната страна на фестивалот. Преку оваа работилница учесниците ќе може од близу да се запознаат со целокупниот креативен процес на модното блогирање, од фотографија, до изработка на креации и стајлинг, креативно пишување и едитирање.

Работилницата ќе ја води Теодора Митровска, млада модна блогерка од Скопје (http://tastemyblacktea.blogspot.com/)

Kој може да учествува: 

средношколци и студенти, но и сите останати кои се чувствуваат доволно зрели или пак сè уште млади, се повеќе од добредојдени

Што е потребно за работилницата:

5 – 10 парчиња облека + аксесоари, фотоапарат или телефон со добра камера, лаптоп ПОЖЕЛНО: стара облека или отпад, наменети за деконструкција и рециклирање

Конкурс за пријавување:

Заради ограничениот број на учесници кој го налага самата работилница, учесниците ќе бидат селектирани по пат на конкурс. Сè што треба да направите е да испратите ваша модна фотографија (фотографијата не мора да биде од вас и вашиот outfit) и краток текст од неколку реченици преку кои ќе го доловите вашиот личен стил. Текстот со фотографијата испратете го како Word или PDF документ. Оние со најкреативните и најхрабри ‘презентации’ ќе бидат избрани да учествуваат на работилницата.

Конкурсот за пријавување е отворен до 5-ти јуни.

Објавено:
20 мај 2015
Категорија: 
Актуел