Модната агенција Елит ќе го исплати долгот кон хонорарците

16 јануари 2014

Најголемата модна агенција Елит, треба да исплати вкупно 450 илјади долари на сите модели што досега биле ангажирани хонорарно, а не добиле никаков парчен придонес. Повеќе од стотина практиканти ќе добијат околу 700 долари. Оваа одлука е донесена откако манекенката Дајиа Давенпорт поднесе тужба од која бараше да и бидат исплатени сите ангажмани за кои работела и повеќе од 40 часа неделно.

Двете страни минатата недела се согласија, а на поранешната моделка на Елит ќе и биде платено колку и на сите останати инволвирани, кои се задоволни со конечната пресуда на судот. Инаку, модната агенција Елит се грижи за кариерата на многу познати манекенки како Јасмин и Амбер ле Бон, Карен Елсон Хилари Ронда и многу други. Освен тоа во минатото, претставнички на Елит беа и Жизел Бундшен, Хајди Хлум, Тајра Бенкс.

Објавено:
16 јануари 2014
Категорија: 
Актуел