Модната агенција „Моделс Ин“ во потрага по нови лица!

30 септември 2021

Ако сакате да бидете модел, еве добра шанса за вас!

Модните агенции ширум светот секогаш се во потрага по нови лица за да можат да ги засилат своите редови со нови модели за предстојните сезони. Па така и реномираната модна агенција од Скопје „Моделс ИН Менаџмент“ реши да направи кастинг на кој ќе може да се пријават новите модели.

Кастингот ќе се одржи в сабота - 02.10.21, со почеток од 14 часот во „Public Room“. 

„Сите млади девојки и момчиња кои имаат интерес, можат да се појават на кастингот. Едноставно облечени, без никакви формални кодекси на облекување. Потенцијалните модели треба да бидат едноставни и насмеани тоа е доволно за прв впечаток“, велат од агенцијата.

Инаку, „Моделс Ин“ како агенција работи веќе 21 година, со примарна цел да пласира модели во светскиот моделинг, што и денес ја задржуваат. Како матична агенција стои зад веќе докажи имиња на светската модна сцена како Елена Реи, Ивана Манас, Павле Николовски, Андреј Пајмаковски, Ана Калачоска, Јована Нешова, Сандра Цветкова, Христијан Стојаноски и многу други, кои припаѓаат на интернационалниот моделинг.

Сопствениците и менаџери на оваа модна агенција Надица и Алек ветуваат дека ќе ги откријат новите топ модели.

Објавено:
30 септември 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
582 пати