Модната агенција „Подиум“ која воедно е и официјалната модна агенција на Моден викенд Скопје ги повикува сите девојки и момчиња да бидат дел од курсот за модели кој ќе се одвива во текот на јуни и средината на месец јули.
Курсот на кој може да се пријават и деца од најмала возраст, подразбира обука за правилно чекорење на писта, позирање и часови по глума. Рокот за пријавување е 21 мај (четврток).
Модната агенција „Подиум“ е посветена на развивање на талентот кај модели на најразлична возраст, а работи на сите нивоа во модната индустрија : ревии, фотосесии за кампањи и медиуми како и промотивни настани, како за домашни брендови, така и за странски.
Контакт за пријавување : Ирина Илиевска 077/492596.
Повеќе инфо можете да добиете на линковите во продолжение: info@fashionweekendskopje.mk; https://www.facebook.com/pages/Podium-Model-Agency ; http://fashionweekendskopje.mk/model/women/