Модната икона Твиги денес полни 73 години

19 септември 2022

Лесли Хорнби, најпозната по својот прекар Твиги, е една од најлегендарните манекенки кои некогаш се појавиле. За неа може да се рече дека е модна икона на 1960-тите и веројатно предводник на сите супермодели што ќе дојдат после неа.

Британската манекенка Твиги на модната сцена се појавува во 1966 година, со неполни 16 години, а благодарение на необичниот андроген изглед и крупните очи, нагласени долни трепки и кратката „пикси" фризура, таа оствари дотогаш невиден успех и го постави стандардот за „слаби манекенки", комплетна спротивност на дотогашните убавици со облини, меѓу кои и Мерилин Монро, Брижит Бардо...

Фото: Pinterest

Инаку, прекарот Твиги го добила од братот на нејзиното момче, бидејќи била тенка како гранче и воопшто не била среќна поради тоа. Никогаш не се ни надевала дека ќе стане модел и манекенка, бидејќи сметала дека не е доволно висока, бидејќи најчесто се барала висина над 175 сантиметри, а таа била висока 168 сантиметри, а згора на сè, не доаѓала ниту од богато или познато семејство.

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Таа од модниот свет се повлече кога имаше 21 година, по што се посвети на актерството, а подоцна и самата стана модна дизајнерк. Зад себе веќе има неколку линии облека и модни додатоци, кои произлегоа од соработката со брендот „Маркс и Спенсер".

Во март 2019 година, Твиги беше одликувана со титулата „Дама" од принцот Чарлс, а во име на кралицата Елизабета.

Фото: Pinterest

Денес, популарната поранешна модна икона полни 73 години, па во нејзина чест подготвивме галерија со неколку од нејзините најнезаборавни изгледи кои ја променија модната историја.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Twiggy (@twiggylawson)

Фото: Pinterest

Објавено:
19 септември 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
223 пати