Модната ода на Меланија Трамп

20 јануари 2021

Можете да не ја сакате Меланија. Според последните анализи на CNN, Меланија Трамп заминува од Белата куќа со најнизок рејтинг на популарност во историјата на првите дами. Она што не можете да го спорите е дека Меланија имаше беспрекорно модно владеење во чевлите на FLOTUS. 

Почнувајќи од самата инаугурација на Трамп кога Меланија се појави во син костум на Ралф Лорен, преку фантастичната бледо-жолта тоалета на Џеј Мендел и белата Couture тоалета на Диор, до белиот комбинезон на Херв Пјер во Индија, Меланија Трамп е модна икона на Белата куќа. 

Во продолжение, некои од најубавите изгледи кои сега веќе бившата Прва дама ги носеше за време на своите 4 години. 

Брендон Максвел Шанел

Џеј Мендел

Валентино

Валентино

Херв Пјер

Викторија Бекам Габриела Хрст

Херв Пјер

Фенди

Селин

Ралф Лорен

Гучи

Ралф Лорен

Делпозо

Диор

Ралф Лорен

Прада

Макс Мара

Ралф Лорен

Диор

Долче и Габана

Емилио Пучи

Долче и Габана фустан, Херв Пјер шапка

Долче и Габана

Живанши

Каролина Херера

Реалноста е дека Меланија има и неколку несреќни појавувања. Но, не од моден аспект, туку од третирање на модата во социјално-општествен контекст и користење на модата за пренесување на порака. Па така, публиката сметаше дека е тотално несоодветно што за време на посетата на региони погодени од ураганот Харви, Меланија се појави во Маноло Бланик високи потпетици. Факт е дека чизми за дожд ќе беа посоодветно решение. 

Уште еден момент е нејзината Зара јакна со натпис „I don’t care. Do you?“ која првата дама реши да ја облече при посета на децата на мигрантите на границата меѓу САД и Мексико. Иако од Белата куќа се обидуваа да ја намалат штетата која ја предизвика нејзиниот изглед, нагласувајќи дека не мислеле да пренесат таква порака, штетата веќе беше направена. 

Но, мора да се признае дека овие 4 години, Меланија ја одигра својата улога доста пристојно што се однесува до модата. Современо, отмено, соодветно - како што впрочем и ѝ прилега на една Прва дама.

 Влезе во Белата куќа со стил, а така и се збогуваше, носејќи комбинација од Шанел, додека пак фустан од модната куќа „Гучи“ беше нејзиниот избор при слетувањето на Флорида.

Објавено:
20 јануари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
9.290 пати