Модната ревија на Марни помина во тишина

24 септември 2013

Техничкиот проблем кој се појави на ревијата на модната куќа Марни, го претвори преставувањето на колекцијата по пистата во еден незаборавен настап.

Поради нерешлив проблем со техниката, ревијата на Марни за нивната нова линија за сезоната пролет-лето 2014 се одвиваше во тишина. Токму поради тој факт што ревијата се одвиваше без музика, можеби доби и поголема вредност, со што шоуто беше високо оценето. А таквиот начин на дефилирање по пистата беше општо прифатен од сите присутни, кои изјавија дека е навистина пријатно изненадување.

Строга елеганција со природна и чиста силуета, прекршена на половината со ремен. Ориентална инспирација со микс на спортски елементи, флорални дезени, кои на моменти потсетуваа на јапонската култура, обоени во црна, бела и сива нијанса кои и дадоа завршен чист и јасен ефект на визијата. Ништо за одземање и ништо за додавање, колекцијата зборува сама за себе.

 

 

Марни пролет-лето 2014 Марни пролет-лето 2014

Објавено:
24 септември 2013
Категорија: 
Актуел