Модни близначки: Џил Бајден и Камала Харис на 59-та Инаугурација

20 јануари 2021

На очекување на мноумина, Првата дама др Џил Бајден и првата жена Потпретседател на САД Камала Харис својот изглед за Инаугурацијата на 46 Претседател на САД, Џо Бајден, ја препуштија во рацете на американски дизајнери. 

 

Првата дама се појави во креација на дизајнерката Александра Онил, основач на брендот Маркариан. Брендот е основан во 2017 година и е ориентиран кон одржлива мода. Првата дама изгледаше прекрасно во креацијата се состои од океанско син волнен твид претворен во елегантен фустан и капут. Кројот и бојата одлично ѝ прилегаат.

Камала Харис се појави во креација од двајца Афроамерикански дизајнери - Кристофер Џон Роџерс и Серџо Хадсон. Минималистичкиот сензибилитет карактеристичен за Харис беше препознаен и во оваа виолетова креација. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Cosmopolitan (@cosmopolitan)

Претседателот Џо Бајден и сопругот на Камала Харис, Даг Емхоф изгледаа елегантно во Ралф Лорен.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Tri Vo (@tribranchvo)

На Инаугурацијата пристигнаа и поранешниот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел, која се одлучи исто така за креација на Серџо Хадсон и беше подоминантна модно отколку двете дами кои беа во фокусот на вниманието. Меѓу гостите се најдоа и Бил и Хилари Клинтон и Џорџ и Лора Буш.

Кога ќе ги видите Џил Бајден и Камала Харис, на прв поглед добивате впечаток како идентично да се облечени. Концептот е речиси ист и мора да се каже, модно не посебно интересен. 
 
Воедно, виолетовата повторно доминира. Освен Камала, која за волја на вистината имаше поуспешен стајлинг  на комеморацијата за починатите од Ковид-19, овој пат ја гледаме и Хилари Клинтон во истата нијанса, како порака (помеѓу другото) дека ја следат истата визија. Капутот на Хилари е исто така сосема погрешен и како крој и како боја.
 
 
 
За потсетувањe и Мишел Обама (2013), а посебно Меланија Трамп чиј костим беше од Ралф Лорен и многумина го толкуваа како референца кон Џеки Кенеди, беа далеку поинтересен моден избор.
 
 
 
Објавено:
20 јануари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.776 пати