Дали сте имале можност да ги видите новите чанти на луксузниот бренд Луј Витон? Сега може да ги видите и фотографиите и видео спотот од рекламната кампања! А во нив главни ѕвезди се три модни блогерки, со што се повеќе се потврдува дека големите модни гиганти го признаваат влијанието на модните блогери во дефинирањето и консолидирањето на трендовите.
Мирослава, Ханели и Елин
Легендарната француска етикета Луј Витон ги ангажираше Клинг, Дума и Мустапарта да ја промовираат новата линија на чанти Small Is Beautiful наменета за пролет-лето 2013. Линијата содржи чанти мали по големина, всушност тие се мини верзија на моделите Alba, Monceau и Pochette. Кампањата е снимена во Париз, инспирирана е од стилот на 60-тите години и стилски е синхронизирана со парискиот шик изглед. Новите верзии се направени во палета на бои кои одговара на пролетта и се наменети за помлада клиентела.