Модни фотографии ги презентираат дојранските убавини

4 јули 2016

Низ тринаесет модни фотографии и под името „Дојран ресорт" поставени на големи паноа долж градската плажа во Стар Дојран, од завчера (02.07) туристите ќе се информираат за историските обележја на Општина Дојран.

Градската Саат -кула, Старата Шеова чешма, и црквата „Св. Илија" се некои од локациите на кои позираа манекенките од модната агенција „Подиум" : Ивана Гелева, Александра Наумова и Симона Ангеловска , облечени во креации на македонски дизајнери.

„Ова е навистина е нешто ново што се нема случено во Дојран и главниот впечаток е дека станува збор за мошне интересен начин за промовирање и презентирање на убавините на Дојран од една страна меѓутоа и културно и уметничкичките атракции на еден сосема различен начин, непосреден, преку кој може да се види, прочита и да се научи нешто повеќе за Дојран", вели градоначалникот на Опшина Дојран, Борче Стамов.

Моделите на фотографиите ги носат креациите и асесоарите на „MCouture by Mila Kadriu", Јована Филиповиќ, Ирина Тошева, Олгица Ѓоргиева, „ФА- БУ", Викторија Арсовска, „Emili Exclusive Design", „EM Fashion Design", „Farina's handmade" и „SOFIJAFILIGRANSKA".

За шминка и фризура се погрижи Јована Коциќ од „Dream In Kohlor". Фотографиите ги потпишуваат „Ани и Дими" а графичкиот дизајн на проектот „Дојран ресорт" го потпишува Дејан Зафировски.

Изложбата е во организација на Општина Дојран и продукција на Моден викенд Скопје.

Објавено:
4 јули 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
362 пати