Елена Лука им дава шанса на младите дизајнери

28 јули 2015

Доколку сте талентирани, а се занимавате со моден дизајн и барате место да ја искажете својата креативност, модниот бренд Елена Лука ви дава одлична можност да станете дел од нивниот тим.Осмислување и креирање на нови колекции (женски), дизајн на печатен текстил, изработка на комплетни технички скици, координација и следење на производство од идејна скица до финален производ, како и избирање на репро материјали за изработка на нови колекции се предизвиците и задачите со кои ќе се соочите на работното место.

Елена Лука, ќе ви овозможи работа во млад, креативен и динамичен тим, можност за професионален, финансиски напредок и усовршување.

Вашите биографии и портфолио можете да ги испратите на мејлот el@elenaluka.mk, а повеќе за условите за ова работно место, можете да видите тука.

Конкурсот е отворен.

Објавено:
28 јули 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.020 пати