Модниот двоец Проенца Скулер во нова летна авантура

5 јуни 2014

Модниот бренд Проенца Скулер реши да креира линија на  костими за капење. Дизајнерите Џек Мекалоу и Лазаро Хернандез, одлучија да ја насочат својата креативна енергија кон дизајнирање  линија костими за капење. За таа цел склучија договор со Swimwear Anywhere, компанија која ќе ги продава и дистрибуира нивните модели. Првичната линија ќе брои дваесет модели што ќе бидат промовирани деновиве на пресот за медиуми. Станува збор за целосна колекција која нема да вклучува само костими за капење, туку и долги марами, кафтани и наметки кои се удобни, лежерни и комфорни.

„Ние сакаме да направиме колекција за костими на капење која ќе биде безвременска. Од секогаш сме биле под влијание на сурфањето како спорт и тоа ни е дополнителна инспирација покрај веќе актуелните летни теми, принтови и трендови. Океанот е постојан извор на инспирација. Идејата за да започнеме еден ваков проект беше сосема случајна и сметам дека е одлична можност за наша промоција, но и да пробаме да видиме како би се снашле во една можеби и не толку непозната сфера за нас“, изјавија дизајнерите.

Објавено:
5 јуни 2014
Категорија: 
Актуел