Модниот свет полуде по овој фустан на Гучи

9 август 2013

Откако прват беше претставен на Миланската модна недела во февруари годинава, овој фустан од есенската колекција на Гучи го привлече вниманието на модните уредници и холивудските ѕвезди. Последен пример е насловната страна на кинеското издание на Elle на која актерката Блејк Лајвли го носи токму овој модел на луксузниот бренд.

 

Блејк Лајвли вомодел на Гучи на насловната на Elle Блејк Лајвли во модел на Гучи на насловната на Elle

Фустанот на Гучи и неколкуте негови варијации ги има на насловните и во модните едиторијали, најавувајќи дека брендот и понатаму ќе биде на модниот трон по бројот на на објави во светските публикации. Овие креации се права лекција за декаденција, бидејќи се направени од растеглива мрежеста тантела украсена со перја, пулејки, перли и свилени реси. Покрај Лајвли во овие фустани за септевриските списанија позираа и Кејт Аптон (Elle), Сара Џесика Паркер (Harper’s Bazaar) и Џенифер Лопез (W).

 

Од колекцијата за Гучи за есен-зима 2013/14 Од колекцијата за Гучи за есен-зима 2013/14

 

 

Објавено:
9 август 2013
Категорија: 
Актуел