Модниот свет се збогуваше со Мануела Павеси

16 март 2015

manuela-pavesi_980x571

Мануела Павеси е значајно име во модниот свет. Таа придонесе за обликување на италијанското издание на Vogue, а беше позната како страстен колекционер на антички накит. На листата на блиски соработници и пријатели ѝ беше и Миуча Прада.

SGP Reference: ShootID=2526014 EventID=85095 Date=21/11/13

Со својот дух, способност и чувство за мода, таа беше инспирација и на младите генерации, на кои често им помагаше во почетоците на кариерата.

Нејзината пак, започнува на местото моден уредник и стилист за италијанското издание на Вог во раните 1990-ти. Често соработуваше со познати фотографи, како Алберт Вотсон, Ирвинг Пен, Хелмут Њутон, па инспирирана од нивната работа, се посвети и на фотографијата.

6a00e54ecca8b98833017744698306970d

Пред нејзиниот објектив се најдоа голем број познати супермодели кои ги красеа насловните страни и едиторијалите во најпрестижните модни магазини, меѓу кои Vogue, Elle, Allure, Purple…  Во последните години, нејзината уникатност и специфичност претставена преку модата и уметноста беше дел и од јапонското издание на Vogue.

6a00e54ef964538834017d417aea53970c-800pi

Нејзините фотографии се исполнети со меланхолија и бунт, разиграност и посебна интимна атмосфера со емоции.

Оние што имале можност да се најдат во нејзина близина, велат дека имала вродена елеганција, ненаметливост, визионерски поглед на модата, како и скромен начин на работа со што се држела подалеку од очите на јавноста.

-049-3151b-pbertelli-mpavesi-698187_0x440

92012MP0165Web1

Иако, многумина можеби и не слушнале за неа, Павеси зад себе остави огромно модно наследство, кое луѓето од овој свет мошне го почитуваат, а нејзиното отсуство несомнено ќе остави трага и празнина.

thewingsofadove_bwmp04

извор Buro24/7.hr
Објавено:
16 март 2015
Категорија: 
Актуел