Модните блогери се посрамотија!

22 ноември 2013

modni-blogeri-01

Видеото кое крена голема прашина и отвори голем број прашања е чист пример дека некои луѓе едноставно слепо ја следат модата. Кога станува збор за модните блогери очекувате од нив да имаат барем основно познавање од модата, но изгледа дека постојат и исклучоци.

modni-blogeri-02

Исклучоците се и до тој степен што за сметка на слава се забораваат и основните вредности. Доколку не ни верувате погледнете го едноставниот тест кој го постави Џими Кимел на модната недела во Њујорк, која е една од најголемите метрополи и светски центар на модата. Сакајќи да дознае колку тие всушност ја следат модата,  се одлучи да им постави интересни прашања со спомнување на  непостоечки дизајнерски имиња од типот на Џорџ Костанза и Вили Ломан, а тука беа и лажните слики од модните ревии.

Модата е начин на живот, сопствена експресија и начин за изразување на сопственото јас. Ова е можеби само уште еден доказ дека постоењето на голем број модни блогерки е всушност бројка на квантитет, а не а квалитет. Погледнете го видеото и сами пресудете!

Објавено:
22 ноември 2013
Категорија: 
Актуел