Кога ќе се спојат две ултра креативни личности со слични амбиции, слични гледишта и иста љубов и пасија кон работата, тогаш добриот производ е и повеќе од сигурен.

Токму таква приказна имаат Маја и Данка кои од неодамна работат под името „Дама“ каде создаваат магија од фустани за сите вистински дами.

„Постоиме кратко време во кое максимално се посветивме на желбите на нашите клиенти кои ни се најважни. Она што ќе го изработуваме во иднина, конкретно ќе го дефинира карактерот на нашето студио што несомнено ќе биде поразличен од она што веќе го имаме видено, ќе биде тоа приказна полна со постојани новости, трендови, свежина и што е најважно, ние ќе бидеме достапни за сите кои се заинтересирани за убави и модерни фустани“, велат Маја и Данка.

Кога ќе влезете во нивното симпатично студио, ќе ве пречека една сосема поинаква, неверојатно позитивна енергија со која зрачат двете девојки. По кусиот разговор со нив, тие ќе ја разберат секоја ваша желба и ќе ја претворат во неверојатен производ каков што си замислувавте.

Тие ќе кажат дека секоја патека што треба да се изоди за да се стигне до успехот е тешка, особено во ограничени услови како тука.

„Самата таа тешкотија што се наметнува, на нас ни претставува дополнителен мотив што повеќе и повеќе да се вложуваме и да се посветиме на работата благодарение на која се надеваме еден ден, студио „Дама“ ке си заземе свое место во домашниот моден свет“, велат девојките.

Во пресрет на новогодишните празници, со нив разговаравме и за тоа кои се трендовите и што е она што девојките го бараат од нив како производ, а наидовме на онаков одговор каков што и очекувавме.

„Барањата на клиентите се индивидуални и доста различни. Она што сите ги поврзува, а е врзано за новогодишната ноќ, се светкавите детали на фустанот од типот на шљокици или пак тантелните апликации со светкави детали, кои и поедноставните парчиња би ги направиле посвечени. Оваа година, моделите на фустани што ја следат линијата на телото се најбарани, барем во нашето студио. Меѓутоа, не изостануваат и здолништа во комбинација со интересни кошули“, посочуваат девојките.

Студиото „Дама“ постои за сите вљубенички во убавите фустани и уникатните парчиња што ќе направат да изгледате посебно во секоја прилика. Како што ќе кажат Маја и Данка, тие постојат за секоја ваша желба да ја направат реалност и да бидете навистина задоволни со конечниот производ што тие ќе го создадат со нивните креативни раце.

Според нив, убавината е во едноставноста и удобноста која несомнено, нема да помине незабележано!

Спонзорирана објава
Објавено:
4 декември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.291 пати