Модното деби на внуката на Кенеди, Кира

26 мај 2016

Ако се сеќавате на текстот што неодамна го објавивме за „Новата генерација на Gossip Girl“, тогаш веројатно се сеќавате дека меѓу новите најпопуларни лица е и внуката на Џон Кенеди, Кира Кенеди.

Е токму таа неодамна го имаше своето прво модно деби, а Harper’s Bazaar ја имаа ексклузивната вест.

Кира Кенеди

Инаку, оваа 20-годишна девојка важи за една од оние со кои тешко се договара интервју, а и кога ќе успеете за тоа, тогаш најчесто зборува за непријатноста што доаѓа со славата.

Кира, која студира на Fashion Institute of Technology во Њујорк, е муза на дизајнерот Ендрју Ворен, кој твори под брендот Just Drew, воедно уште еден од новата генерација на Gossip Girl, кој одлучи овој пат својата муза да ја стави пред камера.

Кира и Ендрју

-Таа е навистина срамежлива и ми кажа дека никогаш не би се појавила на писта, но направи исклучок за мене. Беше навистина нервозна. Таа не бара да биде позната, тоа го направи затоа што ние сме најдобри пријатели и би направиле сè еден за друг – вели Ворен.

Дизајнерот додава дека есенската колекција е инспирирана токму од Кенеди, но и од другите пријатели од истиот круг (Тифани Трамп, Џија Матис, Реја Бенитез).

-Мојата колекција е позиционирана во Њујорк, за IT девојките во градот. Пораснав токму тука и имам многу пријателки со различно потекло и различни стилови. Навистина го сакам стилот на Кира, затоа што е елегантна, класична, но во исто време и забавна и впечатлива. Без многу труд успева да привлече внимание – објаснува младиот креативец.

Инаку, неговата креација беше презентирана за време на модната недела во Њујорк годинава, а освен Кенеди, на пистата се појавија и Трамп и Матисе.

Сега пак, за истата колекција е направена и фото-сесија, за кога популарниот магазин успеа да добие ексклузива, а ние ги пренесуваме во продолжение:

Објавено:
26 мај 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
412 пати