,,Моето тело не е исто како пред да се породам": Роузи Хантингтон Вајтли позираше топлес за ELLE.UK

3 март 2021

Априлскиот број на британскиот магазин ЕЛ ќе го краси моделот Роузи Хантингтон Вајтли. На насловната страна, таа позира во бела долна облека, додека за потребите на едиторијалот застана пред објективот на Квентин Џонс топлес. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sendy (@sendy_xoxo)

,,Нештата не стојат онака како што стоеја пред да го родам бебето" изјави убавицата и додаде тоа е сосем задоволна со тоа.

33 годишната убавица во и интервјуто за магазинот зборува и за брчките кои почнала да ги забележува кај себе.

Моделот минатата година ја искористи работејќи на својата линија за нега и убавина, а нејзиното деби треба да се случи во април. Во интервјуто ги критикува сите познати лица кои изјавуват дека нивното искуство за време на пандемијата е исто со искуството на обичниот човек.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ELLE UK (@elleuk)

,,Многу познати личности зборуваат како сме сите во оваа ситуација заедно. Можеби ја искусуваме ситуацијата под исти околности, но вие седите во своите вили со базени и приватни тутори во Беверли Хилс и очекувате некој кој е во стан, во зграда и кој се соочува со сериозно несреќни моменти, да го прифати фактот дека "сите сме во иста ситуација"?! изјави Хантингтон Вајтли.

Роузи Хантингтон Вајтли од 2010 година е во врска со актерот Џејсон Статам (56), а пред 3 години го добија синот Џек. Со семејството се преселија во Обединетото кралство, бидејќи таму сака да растат нејзините деца.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Zayn (@zayn_1.1)

Објавено:
3 март 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
353 пати
Тагови: 
Ел Elle