Моќта на моливот

10 јануари 2015

Illustrators-for-Charlie-Habdo-01

Карикатурата е цртеж или опис кој на еден искривен начин ги прикажува и означува општествените и политички, а понекогаш субјективни или човечки теми, користејќи најчесто со средствата на графика. Појавата на субјектите во карикатурата можат понекогаш да бидат наменети за забава, но честопати и критика.

Деновиве целата светска јавност зборува за терористичкиот напад на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“, како и на трагичното загинување на дури 12 вработени.

Тоа беше и причина за многу поделени реакции. Но, што е потребно да знаеме кога анализираме или сакаме да „прочитаме“ одредена карикатура?

150108073302-01-paris-reax-0108-exlarge-169

Овие цртежи нудат ставови, а не факти. За една карикатура да биде успешна мора да e составена од симболи. Исто така, поставете си ги прашањата, дали препознавате некои од ликовите? Што знаете за случувањето, или личностите што се прикажани во цтрежот? На каков начин се прикажани?

Дел од оние што си го искажаа ставот во врска со овој немил настан потенцираа дека карикатурата мора да има смисла. Ако нејзината содржина е само исмејување или навреда тогаш се поставува прашањето, зошто се прават такви провокации и која е нивната цел. Исто така, се поставува прашањето, дали некој што не е засегнат од одредена ситуација, има потреба да ја критикува, исмејува, наметнува став и слично?

Оттаму пак се отворија нови размислувања. Се потегна прашањето и за слободата на говорот. Многумина овој напад врз сатиричниот магазин го сфатија како напад врз слободата на говорот. Но, од друга страна дали е? Има и такви што сметаат дека ова е личен напад.

Како и да е, голем број од медиумите се цензурирани или автоцензурирани. Стравот е присутен.

Но, како вели и Фелипе Галиндо, карукатурист и пријател на еден од настраданите од магазинот, пролевањето на крвта нема да ги запре останатите да цртаат или пишуваат критички. Напротив, пролевањето на крвта според него ќе роди многу други дела и тоа постојано ќе биде така. Голем број од неговите колеги сметаат дека во никој случај не треба да се престане со цртање, пишување...

caricatura карикатурата на Фелипе Галиндо инспирирана од последните настани во Франција

Со тоа, моќта на моливот никогаш нема да се намали, без разлика дали цртате или пишувате.

Но, без разлика колку и да се чувствува некој навреден од цртеж, тоа не е причина да се одземат животи и тоа е нешто во што сите се согласуваат, без разлика на која вера и националност припаѓаат.

Всушност, не се ни работи овде за религија. На крајот сè  се сведува на тоа дека и ова ќе биде една испланирана приказна, нечиј план, во кој подебелиот крај ќе го извлече оној што не треба. А за кои цели и кој е тој – останува да видиме.

Народот би кажал, карикатурата е цртеж каде работите се прикажуваат со претерување, но кој овде претера? „Шарли Ебдо“? Терористите? Христијаните или Муслиманите? Или некој сосема за нас непознат? Или можеби сепак познат...

Објавено:
10 јануари 2015
Категорија: 
Актуел