„Мона“ претстави две нови колекции

16 февруари 2016

На големата сцена на Македонскиот народен театар модната куќа „Мона“ вчеравечер претстави колекциите на висока мода инспирирани од големата победа во Големата војна која засекогаш ќе остане како херојски чин на Србија.

Модно – уметничкиот спектакл ,,Ѕвездена Капија,, го сочинуваат две колекции на висока мода ,,Света вода“ и ,,Силни оклопници“.

 Во колекцијата ,,Света вода,, на Ана Лековиќ, доминираат геометриски, апстрактни форми, а доминантната сина боја асоцира на бојата на Јонското море и ,,Сина гробница,,(Милитин Бојиќ). Предимензионираните кожни крагни, корсети, акцесоари и кожни јакни ја одразуваат силата на емоциите на српските војници. Чантите на Ана Лековиќ во колекцијата ,,Света вода,, представуваат необичен спој на асиметрични форми и експресивен колорит.

Моделите во колекцијата ,,Силни оклопници,, на Кристина Гајиќ се инспирирани од војнички оклопи, кубични форми во златна боја, изработени од ефектни материјали и представуваат директно олицетворение на современите воени сили. Раскошните црвени фустани со ,,силни оклопи,,(М. Ракиќ) се симбол на убавината и силата на минатите и идни победици, во вечната борба на доброто и злото.

Дел од креациите ви претставуваме во продолжение:

Објавено:
16 февруари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.306 пати