Актуелната насловна страна на италијанското издание на „Вог“ ја красат легендардната актерка Моника Белучи и нејзината 16 годишна ќерка Дева Касел.
View this post on Instagram
Облечени во идентични црни фустани, очекувано од „Долче и Габана“ позираа пред објективот на Паоло Роверси.
Ова е првпат заедно да се фотографираат за магазин, што изненади многумина особено имајќи ги предвид претходните изјави на Моника, дека не сака да го попречува професионалниот пат на ќерка си на ниту еден начин.
Но, како изјавува за познатиот магазин, желбата и била на Дева.
View this post on Instagram
„Кога ја прашав зошто го сака ова снимање, таа ми даде прекрасен одговор: „затоа што последен пат кога нè фотографираа заедно, јас бев во твојот стомак", алудирајќи на фотосесијата што Моника во седмиот месец од бременоста со Дева.
Инаку, јулскиот број на „Вог Италија“ е посветен токму на врсниците на Дева, на нивните желби, размислувања, како да им пристапиме и уште поважно, како да ги сфатиме.
View this post on Instagram
„Таа отсекогаш беше таква, слободна. Не се плашеше од ништо“, вели Моника за својата ќерка, во интервјуто за магазинот.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
За потсетување, Дева веќе извесно време чекори во светот на модата, а нејзините први и најчести ангажмани се со споменатиот бренд „Долче и Габана“.
Изминатиов период, таа ја снимаше новата рекламна кампања за новиот парфем на италијанската модна куќа, а во исчекување на финалните фотографии, погледнете неколку од оние зад сцената: