Моника Белучи и уште десетина други ѕвезди порачуваат: „Љубовта е сè“!

18 ноември 2021

Познатиот бренд „Картие“ неодамна ја објави својата празнична кампања порачувајќи дека „Љубовта е сè“.

Со фантастично видео и низ призмата на британската фотгорафка Шарлот Вејлс, брендот успеа за неколку дена да оствари милионска гледаност.

Во пренесувањето на пораката учествуваа Моника Белучи, Ела Балинска, Лили Колинс, Џексон Венг, Мејси Вилијамс, Анабел Волис, Вилоу Смит, Трој Сиван, Мелани Лоран, Маријакарла Босконо...

Оваа интернационална екипа, се потруди да го збогати видеото со својата индивидуалност, а сето тоа преку звуците на насловната композиција зад која се потпишуваат Роџер Гловер и Рони Џејмс. 

Црвената и белата боја доминираат, сијалички, балони, што само дополнително придонесуваат за елегантниот празничен амбиент.

На крајот од песната се содржи и пораката - Мора да живееме заедно и секако да се сакаме.

 

Ние сметаме дека видеото е одлично, како вам ви се допаѓа?

Објавено:
18 ноември 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
275 пати