Од ријалити ѕвезда која популарноста ја стекна благодарение на еротско приватно видео, Ким Кардашијан стаса и до Белата куќа.
Имено, Доналд Трамп и неговиот зет, Џаред Кушнер ја угостија во Овалната канцеларија, а темата на нивниот разговор беше затворски реформи и казни.
Great meeting with @KimKardashian today, talked about prison reform and sentencing. pic.twitter.com/uOy4UJ41JF
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) May 30, 2018
Со документи во рака и во присуство на својата адвокатка, Ким се заложи за случајот на Афроамериканката Алис Џонсон (63) која е осудена на доживотна казна затвор, поради консумирање на недозволени супстанци.
Џонсон е осудена во 1996 година, после судењето на кое сите 15 сведоци сведочеле против неа. Таа е обвинета за тргување со дрога, иако нејзината улога во синџирот на трговијата со кокаин била минорна. Воедно, тоа е и нејзин прв прекршок воопшто, но тоа не помогнало во пресудата.
Алис Џонсон
Ким, која е трогната од нејзината приказна, особено бидејќи тоа ѝ се случило првпат во животот, а притоа е и прабаба, е во контакт со Алис и се обидува таа добие втора шанса во животот. Таа се обидела да му посочи на Трамп дека системот мора да се смени и дека ваквите одлуки не се праведни и фер.
После средбата Ким на својот Твитер профил објави: „Би сакала да му се заблагодарам на претседателот Трамп за неговото одвоено време попладнево. Се надеваме дека претседателот ќе ја помилува госпоѓата Алис Мари Џонсон, која служи доживотна казна, за престап со дрога без насилство.
Каков ќе биде резултатот од средбата, останува да видиме.
Инаку, по состанокот, Ким е угостена во домот на Иванка и Џаред. На средбата се појави во деловен стајлинг - црно одело и тесна маица, во комбинација со жолти обувки.
За потсетување, Трамп во 2014 година во една телевизиска емисија изјави дека воопшто не му се допаѓа изгледот на Џеј Ло и Ким Кардашијан и дека нивните задници се едноставно преголеми.
Самата вест дека Доналд Трамп и Ким Кардашијан имале состанок за затворски реформи говорат сами за себе, па нема повеќе да коментираме, ќе ве оставиме да ги видите останатите фотографии:
фото извор: twiter.com; dailymail.co.uk;