Must have: Безвременски црно-бел спој – елегантна кошула и здолниште на преклоп

17 февруари 2020

Елеганцијата е вечна и за неа не постојат временски рамки.

Затоа секогаш е паметно да инвестирате во парчиња што по својата естетика припаѓаат на безвременската елеганција.

Нашиот денешен избор за Must have од модниот бренд Елена Лука, е токму во тој фазон.

Се работи за софистицирана црно-бела комбинација во која е направен спој меѓу елегантна бела кошула и црно здолниште на преклоп со суптилна плочка на која е изгравирано логото на брендот.

Двете уникатни парчиња комбинирани меѓусебе создаваат совршена, естетска целина, но исто така може да ги комбинирате и одделно со остатокот од парчињата во вашиот гардеробер.

Сетот може да го најдете во продажба во ателјеата на Елена Лука или на онлајн продавницата на брендот.

Објавено:
17 февруари 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
469 пати
Тагови: 
must have Елена Лука