Must have: ЕЛЕНА ЛУКА светкав костум за претстојните празнични забави

16 ноември 2023

Заедно со убавата претпразнична атмосфера ни се наближуваат новогодишните прослави, на коишто сакаме да оставиме убав впечаток.

Тоа е одлично време да се заблеска во интересна креација, на која никој нема да остане рамнодушен.

ЕЛЕНА ЛУКА има одличен предлог за дамите – светкав сребрен костум со изразено деколте.

Овој дводелен ексклузивен сет составен од сако и панталони во широк крој е идеално решение за вечерни забави за сезоната што следи.

Урбана креација со суптилна доза на луксуз во која што истовремено ќе се чувствувате гламурозно, моќно и комфорно.

Светкавиот костум на ЕЛЕНА ЛУКА доаѓа во две комбинации златна и сребрена, па може да го направите вашиот избор согласно преференциите кон нијансата.

Бидете вистинска ѕвезда на забавата, заблескајте во уникатната ЕЛЕНА ЛУКА креација.

 

Објавено:
16 ноември 2023
Категорија: 
Актуел