Must have: Нашите нови омилени кошули со шарени дезени

30 март 2020

Кога ќе заврши периодот на изолација, а сите сме со надеж дека тоа време ќе дојде час поскоро, сите нијанси и шаренило на секојдневието повторно ќе бидат дел од нашата животна лепеза.

Боите ќе добијат поизразен интензитет, а тоа ќе се одрази и во модата.

Затоа од модните дизајнери и генерално од уметниците, се очекува да го покренат колективниот дух и расположение, со сите нијанси и слоеви на својата уметност.

Токму по примерот на модната куќа Елена Лука, која дизајнираше уникатни, женствени модели на елегантни кошули во колоритни дезени.

Материјалот од кој се изработени е пријатен и сензуален, а дезените се во неколку различни варијанти и вклучуваат модели со интензивни и впечатливи бои, но и такви со посуптилни, земјени нијанси.

Идеални се за комбинирање во различни аутфити, па лесно ќе ги имплементирате и во деловен, дневен и во елегантен, вечерен стајлинг.

Сите модели се достапни во онлајн продажба, на е-продавницата на Елена Лука.

Објавено:
30 март 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.143 пати