Must have: Ова лето носиме шик фустан во небесно сина боја од Елена Лука

1 јули 2020

Лето е сезона на фустани. Особено кога се шик и уникатни, тогаш ја имаме совршената летна комбинација, токму како нашиот денешен избор за Must have.

Романтичен фустан во небесно сина боја од актуелната летна линија на модниот бренд Елена Лука, е вистинскиот избор за ова лето доколку сакате да постигнете впечатлив стилски ефект, а истовремено да се чувствувате пријатно и удобно.

Ова е едно од најпопуларните парчиња за оваа сезона, благодарение на префинетиот материјал од кој е изработен фустанот, како и впечатливиот асиметричен крој стилизиран со карнери што ја надопочнуваат неговата женствена естетика.

Ние го комбиниравме со патики, како идеална дневна варијанта, но доколку патиките ги замените со високи потпетици, добивате перфектен вечерен изглед.

Достапен е во онлајн продажба на е-продавницата на Елена Лука во следните величини: 36, 38, 40, 42 и 44.

Уживате во онлајн шопинг искуството со домашниот моден бренд.

 

Објавено:
1 јули 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
445 пати