Must have: Сите бои на пролетта во една линија женствени фустани со нагласена половина

12 април 2020

Пролетта е величествена со сиот свој богат колорит, па дизајнерите кога бараат широка и слоевита палета, инспирацијата често ја наоѓаат во оваа сезона.

Инспрација беше и за линијата шармантни, женствени фустани со нагласена половина, што ја потпишува модната куќа Елена Лука.

Фантастични принтови, бои и дезени, што непосредно потсетуваат на темпераментот на пролетниот колорит, се носечкиот печат што ја прави оваа линија препознатлива.

Фустаните се со миди и макси должна, со врзување околу половината со што е нагласена женственоста. Нивната естетика дозволува голем избор на комбинации што може да бидат соодветни на дневни или вечерни аутфити, во зависност од тоа со какви модни додатоци ќе биде финширан изгледот.

Сите сме во очекување и со надеж, дека кризата што побрзо ќе заврши, па да ја уживаме пролетта со сите нејзини благодети.

 

 

Објавено:
12 април 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
630 пати