На 54 години, Памела Андерсон е подготвена да стане мајка по трет пат

5 март 2021

Памела Андерсон неодамна го кажа судбоносното ДА. На приватен имот, во интересна кантри венчаница и чизми, Памела Андерсон се заколна на вечна љубов со својот најнов избраник, нејзиниот телохранител Ден Хејхурст. 

Поранешната ѕвезда од Baywatch изјави дека ужива во романтичниот брак и дека двојката е подготвена да станат родители до крајот на годинава.

Извор близок на парот изјави дека Памела би била пресреќна да остане бремена и да формираат семејство, но свесна е дека тоа може да биде голем предизвик согласно нејзината возраст. Сепак, не губат надеж, а веќе поднеле и документи за посвојуваење.

Од бракот со Томи Ли, Памела ги има двајцата синови Брендон (24) и Дилан (23).

Објавено:
5 март 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
484 пати