На 61 година се самоуби познатиот готвач Ентони Борден

8 јуни 2018

Талентираниот готвач, писател и раскажувач Ентони Борден се самоуби на 61 годишна возраст, а неговото тело било пронајдено изутринава, пишува Си-Ен-Ен.

„Со неверојатна тага мора да потврдиме дека нашиот пријател и колега Ентони Борден почина на 61 годишна возраст. Неговата љубов кон авантурите, пријателите, храната и пијалоците, го направија исклучителен човек и раскажувач. Неговите таленти никогаш не престанаа да не воодушевуваат и ќе ни недостасува неверојатно многу. Нашите мисли и молитви се со неговата ќерка и семејство во ова тешко време“, изјавија неговите колеги од Си-Ен-Ен.

Тој бил пронајден мртов утрово во апартманот во Франција каде снимале епизоди за актуелната сезона на неговиот серијал „Parts Unknown“.

Борден беше еден од најпознатите готвачи во светот, а и одличен во неговите емисии во кои ги прикажуваше убавините на светот.

Неговото самоубиство доаѓа само неколку денови откако познатата американска дизајнерка Кејт Спејд се самоуби во нејзиниот апартман во Њујорк.

Објавено:
8 јуни 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.911 пати