На Меланија не ѝ е гајле?

22 јуни 2018

Откако целиот свет беше згрозен од новата политика на Трамп за разделување на имигрантските семејства на американската граница, првата дама додаде „масло на огнот“, со исклучително лош избор на облека при посетата на децата од едно засолниште на границата кај Тексас.

Меланија Трамп беше фотографирана со јакна од познатиот high street бренд Зара на која пишуваше „I Really Don’t Care, Do U?“, со што ги разбесни социјалните медиуми и предизвика згрозување кај народот.

Само една година откако со високи потпетици отиде да ги посети настраданите од ураганот Ирма, воопшто не е јасно што ја натерало да ја облече јакната со исклучително лоша порака, особено во момент кога нејзиниот сопруг е актуелен со неговата „zero tolerance immigration policy“.

Таа посети сирачиња сместени во засолниште близу границата кај Тексас, откако тие беа одвоени од нивните родители имигранти, благодарение на политиката на нејзиниот сопруг.

Нејзиниот портпарол деновиве соопшти дека таа не се согласува со политиката на нејзиниот сопруг и дека не сака да гледа како децата се раделуваат од родителите, но и дека мора и двете страни конечно да дојдат до некое соодветно решение.

Поради огромните притисоци и протести, претседателот Трамп конечно ги запре одвојувањата на децата од нивните родители, а оние дечиња кои веќе беа одвоени се ставени од засолнички кампови организирани од американската војска на границите.

Иако Меланија ја соблече јакната кога се упати на прес конференција во засолништето, сепак во моментов кога се качуваше во авионот ја облече, со што јасно се виде пораката на грбот, за која не е можно да не знаела. Уште полошо, таа и самата е имигрантка од Словенија, која пристигна во Америка благодарение на нејзините ангажмани како модел.

Нејзините портпароли посочија дека тоа е само јакна и дека истата нема никаква скриена порака. Дека пораката не беше скриена, тоа беше и повеќе од очигледно. Медиумите пишуваат дека можеби со ова таа сакала да ја прикаже лошата страна на администрацијата на Трамп и да докаже дека тие навистина не се грижат за децата.

Какво е вашето мислење за овој потег на првата дама?

Извор: Vogue

Фото: Vogue, The Independent, CNN

Објавено:
22 јуни 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
857 пати