На продажба првата венчаница на Елизабет Тејлор

29 мај 2013

Со почетна цена од 50 илјади долари на аукција се продава првата венчаница на легендарната актерка Елизабет Тејлор од нејзиниот прв брак во 1950 година со наследниот на синџирот хотели, Конард Хилтон. Долгата сатенска венчаница е дизајнирана од Хелен Роз за тогаш 18 годишната Тејлор. Според очекувањата,венчаницата ќе се продаде по цена од 75 илјади долари. Инаку, на венчавката на Елизабет и Конард присуствувале околу 700 гости меѓу кои многу познати ѕвезди. Елизабет Тејлор почина во 2011 година на 79 годишна возраст, а стапи осум пати во брак.

 

Објавено:
29 мај 2013
Категорија: 
Актуел