На американскиот спортски канал ESPN вчера тема беа дресовите на македонската фудбалска репрезентација.
Водителите Херс Гомез и Клинтон Јејтс прокоментираа дека нашиот дрес со сонцето е најоригинален, како директна асоцијација и на македонското знаме.
За потсетување, од ФФМ ги презентираа новите дресови на фудбалската репрезентација со рисот како национално обележје и во темноцрвена нијанса, кој беше достапен и во бела и црна нијанса, но домашната јавност бурно реагираше на новиот дизајн, а посебно на тоа што црвената и жолтата не се застапени во оригиналната верзија како што се и на знамето.
Крајната одлука беше да се замине со старите дресови.
Видеото за тоа како е пофален дресот можете да го видите во продолжение:
Утре во Букурешт, Македонија игра против селекцијата на Австрија! Им ја пуштаме сета среќа.
За поддршка замоли и капитанот на репрезентацијата, Горан Пандев, обраќајќи се преку социјалните мрежи:
View this post on Instagram
„Дојде и тој ден кога почнува Европското првенство... Денот кој го сонував долго време низ мојата кариера... МАКЕДОНИЈА да игра на едно вакво големо натпреварување... Можеби ова се последните мои натпревари за македонската репрезентација... Сакам како капитен да ви се обратам, на цела нација... Оваа генерација е најсветлото нешто на македонскиот фудбал, ова е генерацијата што ја обедини цела Македонија... Горд сум на секој момент и секоја капка пот пролеана во светиот дрес.
Сонот го испишавме, одиме да испишеме историја. Бидете со нас и навивајте за МАКЕДОНИЈА.
Во случај да имате технички проблеми со видеото, одете тука https://www.espn.com/soccer/team/_/id/463/north-macedonia за да го видите