На жените се повеќе им се забранува изборот на облека

3 април 2014

width_650.height_300.mode_FillAreaWithCrop.pos_Default.color_White

„Не ми го чепкајте кусото здолниште“, „Моето тело ми припаѓа само мене“, се дел од транспарентите за време на протестите на жените во главниот град на Уганда, Кампали. Тие протестираат против Законот за забрана  на порнографија, кој го усвои тамошната влада, а кој подразбира женската популација да не носи „провокативна облека“.

-Се' што е над колена е забранет. Ако некоја жена носи мини-здолниште, ќе ја уапсиме - предупреди министерот за етика Симон Локодо, а пренесува Дојче Веле.

Тој додава дека поголемиот број жители не го разбираат Законот, кој првенствено има намена да ја намали детската порнографија во таа земја. Сега, оддеднаш се практикува на девојчињата на улиците на Уганда да им се соблекуваат мини-здолништата, на некои места на оскудно облечените жени не им се дозволува влез во пошта или некоја друга институција.

1175029144533c178e71c2a546736001_640x978

-Жените од Уганда и комплетно нашето општество се фрлени 200 години наназад. Владата повторно сака да ја преземе контролата над жените, да им ја одземе моќта и да ги обнови патријахалните структури од минатото - вели Рита Акиро Лакор, која преку организацијата „Увонет“ се бори за женските права.

Таа се сомнева во успехот на Законот, бидејќи вели дека е се уште нејасно што владата подразбира под провокативна облека, кога е здолништето кусо, а блузата непристојна.

oegan

Во другите делови на Африка прекршувањата поради непочитување на правилата за носење облека строго се казнуваат. На пример, жената во Судан може да биде казнета со 40 удари со бич, ако носи панталони или ако не ја покрие косата. Во Свазиленд носењето на куси здолништа и панталони е забрането од 2012 година, а жените кои нема да го почитуваат тоа се осудуваат на шестмесечна затворска казна.

timthumb

Меѓутоа, мажите се согласуваат со овој закон велејќи дека „Многу жени ја злоупотребуваат слободата и се покажуваат оскудно облечени“, „Жените кои што го покажуваат телото не припаѓаат во нашето општество. Деловите на женското тело се едноставно свети и затоа само сопругот би требало да е тој што смее да ги види“.

Сепак, постојат и жени кои се согласуваат дека жената не треба да го открива своето тело, но сепак не се согласуваат дека забрана со Закон е вистинското решение.

331143_269462363106778_528303595_o

„Воопшто не сакам нашите жени и девојчиња да се облекуваат како жените во западниот свет и да станат сексуални објекти. Но, и покрај тоа, секоја жена мора сама да одлучи каква облека ќе носи и каква и' прилега. Затоа сметам дека одлуката одредени парчиња облека да се тргнат од јавноста е погрешна. Својата ќерка нема да ја охрабрувам да носи мини-здолниште, но тоа не би го забранила со закон“, вели Џејн Осаги, од истражувачката група UN за репродуктивни права.

Објавено:
3 април 2014
Категорија: 
Актуел