Над 30.000 посетители на Српската Модна недела

14 ноември 2016

Националната модна недела во Србија, која деновиве се одржува традиционално во Нови Сад, забележува експлозивен раст и во однос на посетителите и во однос на учесниците.

Од основањето пред три години кога оваа Модна недела ја посетиле 2500 луѓе, годинешново издание го посетиле над 30.000 луѓе што претставува раст од повеќе од 1000%.

Вчерашните модни ревии од првите редови ги проследија многу значајни имиња во глобалната модна индустрија, помеѓу кои беше и Ана Фенди, сопственичката на луксузниот бренд „Фенди".

„Пред се, би сакала да ви честитам што овој прекрасен град во 2021 ќе биде Европска престолнина на културата. Воодушевена сум од младите во Србија, нивниот ентузијазам и жар. Манифестација како што е Serbia Fashion Week на најубав можен начин ја промовира овдешната култура и младите. Помеѓу другото, овде сум и за да го претставам моето вино, а кај нас Италијанците, храната и виното се значаен дел од културата. Импресионирана сум од манифестацијата иод храброста да се направи настан од ваков размер после само неколку години постоење. Изненадена сум што модата тука е толку развиена и популарна. Поради тоа Српската Модна недела има навистина светла иднина", изјави Ана Фенди за медиумите.

Последната ревијална вечер на манифестацијата за оваа сезона, ја отвори Милица Лазаревиќ, по која следуваа ревиите на руската дизајнерка Наталија Злодиреве, Душица Жупањац, Василије Ковачев, Мирјана Вујчиќ, Оливера Балашевиќ, Кач Мишел и Марија Шабиќ.

Следната вечер пак, официјално беше затворен Serbia Fashion Week со доделување на Serbia Fashion Awards во различни категории: најдобар млад дизајнер, најдобар машки и женски модел, најдобра машка и женска колекција, награда за животно дело и други.

 

Објавено:
14 ноември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
74 пати