Наградата Мајкл Корс оваа година ја добива Ана Винтур

7 јули 2014

Одговорната уредничка на американски Vogue, Ана Винтур, иако многумина ја  класифицираат како индиферентна и сурова личност, поради фактот што насмевката на нејзиното лице е вистинска реткост, сепак зад „маската“ се крие жена која има кревко и добро срце и која е секогаш спремна да помогне на оние кои имаат потреба од тоа.

Ана Винтур и Мајкл Корс Ана Винтур и Мајкл Корс

Потврда за тоа е годинешната награда Мајкл Корс што Ана Винтур ќе ја прими за исклучителна општествена работа на God’s Love We Deliver - Golden Heart наградите кои ќе се одржат на Менхетен на 16-ти октомври кој е и светски ден на храната.

„Винтур е голем поддржувач на of God’s Love We Deliver и нејзината посветеност за афирмација на оваа заедница, навистина нема граници“, вели Мајкл Корс.

Лесли Мунвес Лесли Мунвес

Ана Винтур нема да единствената хероина на гламурозната ноќ. Имено на истата вечер актерката Хали Бери ќе му ја додели и наградата Golden Heart за животно дело на претседателот и главен извршен директор на CBS корпорацијата, господинот Лесли Мунвес.

Хали Бери Хали Бери

„Ана Винтур дефинитивно ја заслужи оваа награда, исто како и господинот Мунвес. За мене претставува голема чест и задоволство да бидам дел од оваа свеченост“, изјави оскаровката Бери за медиумите.

Објавено:
7 јули 2014
Категорија: 
Актуел