Најбараните парчиња повторно достапни: Елена Лука има нова линија дизајнерски блузони

28 јануари 2021

Кога во 2019 година за првпат ја пласираа линијата дизајнерски блузони, направија вистински бум. Се бараше парче повеќе, а потоа ја надополнија со „љубовни“ блузони и минималистички.

Со оглед на тоа дека побарувачката на ова парче кое го доживеа своето големо враќање од 90-тите, не стивнува и секогаш се бара парче повеќе, од модната куќа направија нова линија - „Change the game“.

Дел од таа линија се и новите модели блузони кои веднаш ќе ви го привлечат вниманието!

Инспирирани од слободниот моден израз што го нуди уличната мода, од Елена Лука создадоа парчиња во кои речиси секој може да се пронајде и кои лесно можете да ги вклопите во секојдневните комбинации, а сепак да се истакнете.

Со широк крој и брендирани ленти, со впечатлив израз на грбот, асиметричен и лелеав преден дел или пак со нагласени ракави - пронајдете го совршениот модел за вас. Со висококвалитетна изработка и материја, ќе ви понудат истовремено и удобност и впечатливост при носењето.

Повеќе информации можете да добиете на оналјн продавницата на Елена Лука, како и во модерните showroom изложбени простори во ГТЦ на први кат и во населба Аеродром.

Посетете ги и откријте го вашето ново омилено парче. Побрзајте, количините се ограничени!

 

Објавено:
28 јануари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
435 пати