Модната е една од најдинамичните индустрии, но она што останува нејзина константа последните години е челната позиција на најбогатите луѓе во оваа сфера, според податоците на Fashion United.
Сопственикот на групацијата Inditex на која припаѓа и шпанскиот гигант Зара, Амансио Ортега, е најбогатиот човек во модната индустрија и за 2017 година, со 71,3 милијарди долари. Тој со својот систем на брзо-масовно производство го трансформираше пазарниот модел во оваа индустрија.
Амансио Ортега, Фото извор: Еcestaticos
Неговата заработка е со 30 милијарди американски долари повеќе од второ рангираниот во оваа листа, Бернард Арнаулт, сопственикот на луксузната корпорација LVMH.
Сопствениците на интернационалниот ланец продавници C&A, семејството Brenninkmeijer, се трети на листата најбогати за 2017, со богатство од 30 милијарди долари.
Потоа следуваат Бертранд Пуч, сопственикот на Ермес со богатство од 28,6 милијарди долари, Фил Најт – челникот на Најк, со 26,2 милијарди, Алан и Герард Вертајмер, сопствениците на Шанел со 23, 6 милиајрди долари...
За комплетната листа на најбогатите 100 во модната индустрија за 2017 година, посетете го овој линк.