Најдобриот моден колеџ во светот - Централ Сеинт Мартинс

30 август 2013

Централ Сеинт Мартинс нуди програма за додипломски и постипломски студии за следните насоки: уметност, мода, графички дизајн, текстил и накит, драма и перформанс и индустриски дизајн.

Секоја година се запишуваат 1. 200 студенти по моден дизајн, а меѓу познатите кои дипломирале на овој колеџ се: Стела Мекартни, Џон Галијано, Александар Меквин, Зак Посен, Пол Смит, Рикардо Тиши, Кристофер Кејн, Метју Вилијамсон и други.

Самиот факт дека Џентрал Сеинт Мартинс е на врвот на топ листите за најдобри модни колеџи говори за големата чест да се биде дел од овие студии и да се учи и соработува со светски професионалци од разни области.

Објавено:
30 август 2013
Категорија: 
Актуел